Фудбал
24. August 2016 - 7:20

Порто преку Рома до Лигата на шампионите

Екипата на Порто успеа да се пласира во групите од Лигата на шампионите откако синоќа на гости ја победи Рома со 3:0 и ја искористи предноста откако домашниот тим доби два црвени картона. На чекор до голем подвиг беше Хапоел, откако успеа да го победи Селтик со 2:0 но сепак беше недоволно за конечен триумф.
 
Резултати на синоќа одиграните реванш бараж дуели:
Рома - Порто 0:3 (1:4 вкупен резултат),
Хапоел Бер Шева - Селтик 2:0 (4:5),
Легија - Дундалк 1:1 (3:1),
Монако - Виљареал 1:0 (3:1),
Викторија Плзен - Лудогорец 2:2 (2:4).
 
Вечерва се играат другите пет натпревари:
АПОЕЛ - Копенхаген (0:1),
Ростов - Ајакс (1:1),
Манчестер Сити - Стеауа (5:0),
Борусија М. - Јанг Бојс (3:1)
Салцбург - Динамо Загреб (1:1).
Почетокот на натпреварите е во 20:45 часот.