Loading Video...
Фудбал
9. February 2020 - 17:01

Порто подобар од Бенфика во португалското дерби

Во дербито од 20.коло на португалското првенство меѓу Порто и Бенфика беа постигнати пет голови. 
 
Победа остварија  домаќините со 3:2 и тоа постигнувајќи ги сите три гола во првото полувреме со 3:1. 
 
Иако гостите по само пет минути игра во вториот дел преку Винициус намалија на 3:2, сепак немаа сили и да стигнат до израмнување.
 
Со оваа победа Порто ја намали предноста на Бенфика на четири бодови во трката за шампионскиот трофеј.