Фудбал
9. January 2016 - 9:51

Порто остана без тренер

Фудбалскиот клуб Порто, поради лошите резултати, му врачи отказ на тренерот Јулен Лопетеги. Раководството на клубот реши да му се заблагодари на соработката на тренерот Лопетеги, поради серијата од три натпревари на кои Порто не успеа да победи.
 
Лопетеги за речиси две сезони не успеа да освои ниту еден трофеј со португалскиот великан. Младиот стратег со младинските селекции на Шпанија беше европски првак, а Порто му беше првата самостојна работа како тренер во клупскиот фудбал.
 
Раководството на Порто не соопшти кој ќе биде наследникот на Лопетеги. Инаку, Порто, во моментов има 37 бодови и го дели второто место со Бенфика, лидер е Спортинг со 41 бод.