Loading Video...
Кошарка
4. May 2019 - 16:17

Портланд по четири продолженија го победи Денвер, а Милвоки поведе со 2:1 против Бостон

Неверојатен натпревар ноќеска одиграа кошаркарите на Денвер и Портланд во кој победникот беше решен по дури четири одиграни продолжение. 
 
Откако регуларниот дел заврши нерешено 102:102, нити по трите продолженија немаше победник (109:109, 118:118 и 129:129), за конечно по четвртото тимот на Портланд да слави со 140:137 со што поведе со 2-1 во победи во полуфиналето на Западната конференција. 
 
На истокот. Милвоки направи „ри-брејк“ во дуелот со Бостон. Откако „Селтикси“ го добија првиот меч на гостувањето, сега Милвоки возврати со иста мерка, па со вчерашниот триумф со 123:116 поведе со 2:1 во победи. 
 
Следните дуели во серијата подобар до четири одново се играат во Бостон и Портланд.