Македонија
26. March 2016 - 16:25

Портал ,,Денешен‘‘: Кочничарањето на Ременски ги засегна и децата со пречки во развојот

Родители на деца со пречки во развојот доставиле податоци до редакцијата на порталот Денешен, дека се стопира уште еден проект на Минситерството за труд и социјална политика од страна на техничката министерска Фросина Ременски.

Порталот пишува дека на деструктивното работење на Ременски се најдоа корисниците на проектот “Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци од 6 до 26 години и возрасни лица со телесен инвалидитет”. Овој проект кој започна да се реализира во 2014 година и до сега со него биле опфатени 285 деца со пречки во развој и 285 родители односно 570 корисници  е стопиран повеќе од три месеци.

За овие лица беше обезбедено користење на бесплатна рехабилитација и рекреација во јавната установа за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица во период од 5 дена со обезбеден бесплатен превоз, храна и едукативни содржини.

-Според нашите информации од вработени во специјалниот завод Бања Бањско,  со стапувањето на Ременски на функцијата за овој  проект нема никаква иницијатива од Министерството за труд и социјална политика односно истиот е стопиран од декември 2015 и  лицата кои треба да заминат на бесплатна рехабилитација и рекреација се оневозможени и чекаат на милоста на техничката министерка, објави Денешен.

Порталот пишува дека на Ременски најдобро и одат кадровите разрешувања, именувања и преместувања и во тој дел за неа не постојат никакви пречки. Овие деца и нивните родители треба да бидат оставени на страна од дневно-политичките чекори и опструкции на техничката министерка.