Порошенмко го потпиша Законот за „реинтеграција на Донбас“
Украинскиот претседател Петро Порошенко вечерва го потпиша Законот за реинтеграција на Донбас, кој минатиот месец го донесе Врховната рада.
Законот предвидува реинетргација во Украина на регионот на Донбас, кој ги опфаќа областите на Доњецк и Луганск, што се под контрола на проруските сепаратисти или како што стои во законскиот текст, „времено окупирани територии од агресорска држава“
Со Законот, Вооружение сили на Украина добиваат право „да употребат и сила за одбивање на вооружената агресија на Руската Федерација во областите на Доњецк и Луганск“
Во Законот никаде на се споменува Договорот од Минск, со кој Киев се обврза да им даде широка автономија на Доњецк и Луганск и да донесе закон за амнестија на сепаратистичките борци.
Ви конфрликтот во реонот на Донбас во источна Украина, што започна во април 2014 година, досега загинаа над 10.000 лица.
Ново на Сител
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи