Свет
10. July 2015 - 12:32

Порошенко: Значително зголемена терористичката закана во Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека терористичката закана во земјата „значително се зголемила“.

На средба со премиерот Арсениј Јацењук и министерот за внатрешни работи Арсен Аваков Порошенко рече: „Нивото на партизански и терористички закани во регионот надвор од зоната на конфликтот, значително се зголемило“.

Порошенко не даде повеќе детали, но додаде дека протокот на оружје од зоната на конфликтот, каде украинските војници се борат против проруските сепаратисти, претставува закана.