Свет
21. April 2016 - 12:00

Порошенко со закон забранува руски филмови во Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој се забрануваат сите филмови снимени во Русија по 2014 година, по анексијата на Крим.

Со тој закон,потпишан синоќа, забранети се и сите руски филмови снимени по 1991 година ако во нив се „глорифицира работата на владините руски тела“.

Односите на Украина со Русија се влошија по руската анексија на Крим и поддршката за проруските сили во Украина.