Loading Video...
Свет
29. November 2018 - 16:38

Порошенко: Путин ја сака цела Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко го обвини неговиот руски колега Владамир Путин дека сака да ја анектира цела Украина кон Русија. 

Порошенко го повика Западот да му помогне и побара НАто дас испрати бродови во Азовското море.

-Путин ја сака старата руска имеприја назад. Тој себеси се гледа како руски цар, и неговото царство не може да функционира без Украина. Тој  нас не гледа како своја колонија. 

По Германија, и Турција се понуди ако треба да посредува  помегу Москва и Кеив  во смирување на тензиите настанати по поморксиот инцидент во  теснецот Керч во близина на Крим. 

Руско -украинската криза  ќе биде една од темите  на која ке разговараат Путин и Трамп на 1 декември во Аргентина, на маргините на Самиотот на Г20.