Порошенко: Од борбите во Донбас не се вратија 387 командоси
Украинските воздушно-десантни единици загубиле 387 припадници, убиени во воените дејствија во Донбас, информира денеска украинскиот претседател Петро Порошенко при работната посета на Славјанск по повод Денот на мобилните десантни единици во земјата.
-Триста осумдесет и седум „летечеки пешадинци“ не се вратија од борбените задачи, рече Порошенко, цитиран од ТАСС.
Порошенко додаде дека „сега се зголемува борбениот потенцијал на момобилните десантни единици“.
-Јас како претседател на Украина, како врховен командант и шеф на Вооружените сили, доброволечките организации, како и целиот украински народ полагаме максимални напори на десантните единици да им го обезбедиме целото современно вооружување и целата неопходна опрема, подвлече украинскиот претседател. сд/16:11
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот