-->
-->
Пороен дожд во Куманово, екипите на јавните претпријатија на терен
-->
Екипите на надлежните јавни претпријатија „Водовод“ и „Чистота и Зеленило“ Куманово попладнево, по обилниот дожд кој го зафати градот, излегоа на терен и ги отворија шахтите на атмосферската мрежа на неколку улици и булевари во Куманово.
На терен е и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој информираше дека веднаш се ангажирани екипи на претпријатијата.
- Количината на вода е огромна и шахтите се отвараат. Овие проблеми Куманово ги има со децении назназад, особено на улицата „Доне Божинов“ и булеварот „Октомвриска револуција“. Нема пријавено значителни штети или поплави, изјави Димитриевски.
Куманово од вчера попладне, во неколку наврати беше зафатен со поројни дождови и ситен град. Водата се се слева по улиците поради конфигурацијата на теренот како што е случајот со улицата „Доне Божинов“ која ја поврзува населбата „Карпош“ со центарот на градот, но и булеварот „Октомвриска револуција“ една од најниските точки на Куманово.
Атмосферската мрежа во градот постепено се обновува последниве два месеци, особено во оние делови од Куманово каде што е поставена пред неколку децении.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти