Пороен дожд и грмежи
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните и западните каде не се исклучува можноста за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе биде во интервалот од 13 до 22, а највисоката се очекува да достигне помеѓу 30 и 38 степени, со УВ индекс 8.
Во Скопје претпладне претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд со слаб до умерен интензитет, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а највисоката дневна ќе достигне околу 36 степени.
Во почетокот на новата работна недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со повремен дожд, кој во попладневните часови локално ќе има пороен карактер проследен со грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и во вторник кога врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 литри на метар квадратен), а ќе има и услови за појава на град. Тие врнежи ќе придонесат за благо освежување во наредните два дена.
Ново на Сител
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег