Пороен дожд и грмежи - големо невреме во некои делови низ Македонија
Повремено поројни дождови проследени со ретки грмежи има утрово во западните делови од земјава. На повисоките планини врнежите се од снег проследени со засилен ветер. Во Маврово врнежите од дожд преминаа во снег. Во централните делови облачноста е намалена, а во Скопската и Струмичката котлина има појава на магла со намалена видливост од 200 до 500 метри. Дува слаб до умерен, а на повисоките места и во јужните делови повремено засилен западен ветер.
Во последните 24 часа наврнат е воден талог од 36 литри на метар квадратен во Маврово, Пожаране 31, Крушево 14, Тетово 13, Охрид девет, Скопје-Петровец и Гевгелија шест, Скопје-Зајчев Рид и Битола пете, Прилеп и Ѓуриште четири, Крива Паланка и Струмица два и Берово и Виница два литри.
Минималните температури секаде била над нулата, освен во Пожаране каде се измерени минус еден. Највисока била во Демир Капија шест степени.
Преку денот времето ќе биде значително потопло со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови претежно на запад и краен исток ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во крајните западни делови локално ќе наврнат нови 20л/м2. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на повисоките места и во јужните делови.
Максималната температури ќе се двиќи од седум до 16 степени.
Во Скопје претпладне ќе има магла, во текот на денот ќе има сончеви периоди со слаб до умерен југозападен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе достигне до 10 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Претпладне ќе има слаби локални врнежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен на планините. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка. Потоа во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, претежно на запад
Ново на Сител
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО