Балкан
19. November 2018 - 13:46

Породување на граница: Бремена жена од Тузла тргна кон Хамбург, ама бебето одлучи да се роди на влезот во Словенија

На граничниот премина Брегана, на влезот во Словенија, во автобус кој тргна од Тузла кон Хамбург, се породи една патничка.

Меѓу патниците во автобусот на тузланската компанија „Транс Турист“ била и жена во поодмината бременост на која при породувањето и помогнале другите патници и возачите.

Ова на Фејсбук го потврди директорот на Патничката агенција „Транс Турист“ Едо Хасиќ, пренесе порталот Klix.ba.

На бремената жена наеднаш на преминот Брегана на влез во Словенија и почнале болките.

Потоа мајката и бебето со санитетско возило се префрлени во болница.

Автобусот со останатите патници го продолжи патот кон Хамбург.