Македонија
31. October 2016 - 10:14

Порибување на Преспанско Езеро со автохтон крап

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека денеска ќе биде извршено порибување на Преспанското Езеро со автохтон крап. 

Со порибувањето, што ќе се изврши во Отешево, во езерото ќе бидат пуштени 225.000 единки автохтон крап, од 7 до 15 грама, произведен во овластен репроцентар за порибување.

Финансиските средства во износ од 900.000 денари се обезбедени преку Програмата за рибарство и аквакултура.

Денешното порибување е четврто од 2013-та година, кога започна порибувањето на Преспанското Езеро со автохтон крап.