Македонија
13. July 2016 - 8:49

Порибување на Дебарско Езеро

Со 50.000 парчиња речна пастрмка денеска ќе биде порибена риболовната зона на Дебарско Езеро.

Порибувањето е согласно склучениот договор на Репроцентарот на З.З „Охридска риба“ со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На порибувањето е најавено присуство на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски и на претставници од ресорното Министерство.