Македонија
16. December 2015 - 17:27

Порибени Радика и Мавровско Езеро со 20 илјади подмладок автохтона пастрмка

Реката Радика  и Мавровско Езеро денеска беа порибени со 20 илјади парчиња автохтона пастрмка.

Порибувањето го изврши Националниот парк „Маврово“.

- Оваа активност  е во рамките на годишната програма и ова е второ по ред порбување годинава. Правта акција за порибување беше реализирана во пролетта, кога во водите на Радика и Мавровско езеро беа пуштени исто така 20 илјади парчиња автохтона пастрмка, или како што е попозната како радичка пастрмка, која има свои карактеристики познати во домашната и меѓународната јавност, изјави Онер Јакупоски директор на НП„Маврово“.

Тој посебно го нагласува вниманието и грижата која Националниот парк ги посветува на збогатувањето и заштитата на рибниот фонд во овие ревири.

Подмлдокот на автохтоната пастрмка е набавен во мрестилиштето „Шум“ од Струга.