Loading Video...
Спорт плус
6. January 2019 - 18:43

Поразот во Украина ги намали шансите за пласман на следното ЕП

Нашите најдобри одбојкари го загубија најважниот чекор во квалификациите за ЕП откако синоќа беа поразени на гостувањето во Украина со 3-1.

Победа против Украинците ќе ги отвореше ширум вратите за Македонија кон историско учество на големо натпреварување но нашите одбојкари немаа сили за пресврт откако го загубија првиот сет со 25-19.  Решавачки се чини беше вториот сет кој го загубивме во тај-брејкот со 28-26. Во третиот успеавме да победиме да се вратиме  во игра но Македонија ја загуби концентрацијата во 4. Сет кој противникот го доби со 25-23 и се радуваше на пласманот на следниот континентален собир.

Позициите на нашиот тим ги  расипа дополнително Швајцарија која ја совлада Унгарија со 3-2 иако губеа со 2-0.

Последниот натпревар го играме во среда во Скопје против Унгарија. Покрај победа на овој меч потребно е конкурентите од останатите групи да ги загубат своите средби.      

Потсетуваме дека на ЕП патуваат првопласираните селекции и 5 најдобри- второпласирани.