Loading Video...
Фудбал
24. јуни 2020 - 12:33
Порази за Пандев, Нестороски и Барди, додека Елмас се радуваше на победа иако не играше
Повеќемина македонски фудбалски репрезентативци имаа настапи за своите екипи кои ги играа првенствените натпревари во Италија, Шпанија и Унгарија.
Во фудбалскиот шампионат на Италија свои настапи имаа Пандев и Нестороски.
Горан Пандев одигра 58.минути во поразот на својата екипа Џенова на домашен терен од Парма и тоа со убедливи 4:1.
Пораз претрпе и екипата на Удинезе во дуелот против Торино, на гости, со 1:0 меч во кој Илија Нестороски одигра 55 минути.
Единствен кој се радуваше на победа беше Елиф Елмас чиј Наполи со 2:0 ја совлада Верона на гостински терен, а Елмас не доби шанса од тренерот Гатузо да влезе во игра на овој меч.
Во шпанската Ла Лига, пораз забележа и Леванте во дуелот со Атлетик, меч во кој Енес Барди играше од самиот почеток се до 83-та минута. Гостите од Мадрид до победата стигнаа благодарение на автоголот на Гонзалез во 15-тата минута.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->