Спорт плус
10. јуни 2023 - 19:59

Порази на македонските одбојкарски селекции во Белгија и Естонија

Втор пораз на нашата најдобра одбојкарска репрезентација во Златната лига и тоа со 3-0 на гостувањето во Белгија. 

Сепак резултатот е далеку од прикажаната игра на нашата селекција која во сите три сета играше рамноправно и ги загуби со по два поени разлика 27-25, 25-23 и 26-24.
Најблиску до освојување на сетот бевме во вториот дел кога доминиравме но дозволивме Белгија да се соземе и да го сврти резултатот во своја корист. 
Претходно во рамките на Сребрената лига  женската селекција на Македонија загуби на гостувањето во Естонија.