Ракомет
19. March 2016 - 17:11

Пораз од Словенија за младите ракометарки

Женската репрезентација на Македонија составена од ракометарки до 20 години денеска загуби од Словенија со 26:20 на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2016.
 
На турнирот што се одржува во Плезир, Франција, избраничките на селекторот Симе Симовски по две одиграни рунди имаат ефект од една победа и еден пораз и се само со теоретски шанси да го освојат првото место кое обезбедува учество на Мундијалот во Русија.
 
Сара Ристовска со седум погодоци беше најпрецизна во нашиот тим, а Теодора Керамичиева додаде пет гола.
 
Од 17 часот почнува вториот дуел во оваа групата 5. Домаќинот Франција како фаворит влегува на мечот со Израел.
 
Табела: Македонија 2 бода (2 натпревара), Словенија 2 (2), Франција 2 (1), Израел 0 (1).