Свет
3. May 2021 - 10:47

Пораз на партијата на Моди на локалните избори во Индија

Индискиот премиер Нарендра Моди претрпе сериозен пораз на вчерашните клучни локални избори во индиските држави, што е показател дека опаѓа политичката сила на неговата хиндуистичка националистичка партија во екот на невиден бран на епидемијата и рекорден број на новозаразени со коронавирусот.

Дури и по напорната кампања, партијата на Моди, Баратија Јаната (БЈП) не можеше да го надмине главниот кандидат на Западен Бенгал, Мамата Банерџи, кому премиерот Моди му ја честиташе изборната победа.

Партијата на Моди не успеа да победи ни во двете јужни држави, Тамил Наду и Керала, но партијата БЈП, во сојуз со регионалните партии, обезбеди втор мандат во североисточната држава Асам и победа во државата Пудучери.