Спорт плус
5. January 2021 - 19:50

Пораз на одбојкарите во Софија

Бугарија – Македонија 3:1 (23-25, 25-18, 25-22, 25-18)
По пријателските дуели во Македонија, нашите најдобри одбојкари денеска гостуваа во Софија каде во контролен дуел загубија од домашната селекција на Бугарија со 3-1, по сетови (23-25, 25-18, 25-22, 25-18)
Македонија одлично го започна натпреварот и го освои првиот сет но во продолжението ја загуби концентрацијата и во вториот сет домаќинот возврати со 25-18 за израмнување на 1-1.
Мечот се чини го реши третиот сет во кој двете селекции се менуваа во водството но на крајот се радуваше Бугарија. 
Во последниот сет домаќинот беше за нијанса подобар и  на крајот оствари победа од 3-1. 
Утре се  игра и вториот контролен дуел со Бугарија кој е последен тест пред стартот на квалификациите за ЕП кои се закажани во Скопје од 11-16-ти јануари.