Ракомет
13. January 2022 - 19:48

Пораз на Македонија на старот на ЕП од репрезентацијата на Словенија

Македонската ракометна репрезентација го загуби првиот меч од Европското првенство, против Словенија со резултат 27:25.

Иако Словенија беше фаворит на оваа средба потешко од очекувањата дојдоа до победата против нашата репрезентација предводена од Кире Лазаров, кој денеска неможеше да даде придонес поради повреда.

Во репрезентацијата на Македонија блесок имаше голманот Мартин Томовски кој што имаше 12 интервенции.