Балкан
23. November 2016 - 11:19

Пораст на нови бегалци и мигранти на грчките отрови

Последниве денови забележан е значителн пораст на нови мигранти и бегалци на островите во севениот дел на Еејското Море, јави дописникот на МИА од Атина.

Од петокот, па до денеска, на Лезбос пристигнале 285 лица, на Хиос 245, и на Самос 69 мигранти и бегалци. Вкупниот број на нови бегалци и мигранти (599) е еднаков на пет проценти од мигрантите и бегалците кои во моментов се заглавени на грчките острови.

Полицијата соопшти дека денеска на Лезбос има 5.918 бегалци и мигранти, на Хиос се 3.558 и на Самос има 2.278.