Поранешните сопартијци Касами и Гаши со ист став за средбата на Ахмети
Поранешните сопартијци - лидерот на БЕСА Билал Касами и лидерот на Алтернатива Африм Гаши имаат идентичен став за поканата на лидерот на ДУИ Али Ахмети сите албански лидери в четврток на годишнината од Рамковниот договор да седнат и да разговараат за постизборната состојба.
И од кај Касами и од кај Гаши потврдуваат дека добиле поканата на Ахмети, но се уште немаат одлучено дали ќе се појават на состранокот.
„Ја добивме поканата. Ке донесеме одлука во претседателството и ќе ја информираме јавноста“, ни одговорија од БЕСА.
Сличен одговор добивме и од Алтернатива и таму чекаат поканата да биде разгледена од партиските органи пред деновиве да биде донесена одлуката дали Гаши ќе оди на состанокот со Ахмети.
Ахмети ги покани на состанок лидерите Африм Гаши – Алтернатива, Билал Касами – Беса, Зијадин Села – АА, Мендух Тачи - ДПА во четврток во скопскиот хотел Парк. Како што се наведува во соопштението на ДУИ, поводот се одржаните парламентанри избори. Сосотанокот сиболично ќе се одржи на годишнината од Рамковниот договор.
Неофицијално средбата ќе биде искористена за обезбедување на поголемо мнозинство во евентуална нова влада во која ДУИ ќе биде главен албански парнтер.
За одлуките на Тачи и Села дали ќе возвратат на поканата на Ахмети во вестите на Сител во 16 часот.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари