Поранешниот турски премиер Давутоглу во посета на Македонија
Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, синоќа го пречека и оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник од Коња, Ахмет Давутоглу, кој ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
- Довутоглу, кој ќе биде во тридневна работна посета на земјата, по средбата со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ќе оствари и посета на Кабинетот на Министерот задолжен за странски инвестиции Ќахил, соопштија од кабинетот на министерот.
Во рамки на тридневната посета на земјата Давутоглу ќе оствари средби и со претседателот Ѓорге Иванов. Предвидено е тој на 28 септември да се обрати на панел дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски