Македонија
27. September 2017 - 9:50

Поранешниот турски премиер Давутоглу во посета на Македонија

 Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, синоќа го пречека и оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник од Коња, Ахмет Давутоглу, кој ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

- Довутоглу, кој ќе биде во тридневна работна посета на земјата, по средбата со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ќе оствари и посета  на Кабинетот на Министерот задолжен за странски инвестиции Ќахил, соопштија од кабинетот на министерот.

Во рамки на тридневната посета на земјата Давутоглу ќе оствари средби и со претседателот Ѓорге Иванов. Предвидено е тој на 28 септември да се обрати на панел дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција.