Свет
23. November 2015 - 11:41

Поранешниот шеф на тајландската полиција обвинет за предизвикување немир во јавноста

Поранешниот шеф на тајландската полиција Сереписут Темијавес и седуммина вработени во локална ТВ станица,обвинети за создавање немири во јавноста, ќе одговараат пред воениот суд во Бангкок.

Генерал-полковникот Темијавес, коментирајќи ја безбедносната ситуација во Тајланд, на локална телевизија оценил дека има многу пропусти и дека безбедноста била подобра, кога тој бил шеф на полицијата.

Седуммината вработени во ТВ станицата, обвинети поради емитувањето на тој прилог по апсењето се пуштени да се бранат од слобода, од како платиле кауција. Поранешниот шеф на тајландската полиција одбил да плати кауција, изјавувајќи дека на личен пример ќе ја испитува ефикасноста и правичноста на сегашниот воен режим.

Со обвенинија од страна на воената хунта, што ја презеде власта во Тајланд со државен удар во мај минатата година, се соочени и седум професор на Универзитетот во градот Чианг Маи, кои на прес конференција пред десет дена побарале поголеми академски слободи.

Поради изјавата дека факултетите не се воени касарни, но и поради прекршување на забрана на политичко собирање во кое има над пет лица, професорите ќе одговараат за загрозување на националната безбедност.

Веднаш по државниот удар воената хунта прогласи строга цензура на медиумите, вклучувајќи ги и содржините на интернет порталите. До сега, во Тајланд над 120 лица, со казни од 2 до 5 години затвор, се осудени поради кршењето на законот за медиумите.