Свет
7. September 2016 - 8:46

Поранешниот претседател на Салвадор доби политички азил во Никарагва

Владата на Никарагва соопшти дека одлучила да му додели политички азил на поранешниот претседател на Салвадор, Маурисио Фунес, кој во својата земја се соочува со неколку обвинувња и судска истрага.

Фунес се обвинува во врска со откриените пари на неговата приватна банкарск сметка, за кои се сомнева дека се обезбедени на нелегален начин. Тој се обвинува и за политичка корупција за времето додека бил на претедателската функција.

Во владиното соопштение во Манагва се вели дека на Фунес му бил доделен азил, затоа што „неговиот живот бил во опасност„.

Поранешниот салвадорски претседател од пред три месеции живее во Никарагва. Одлуката за азил била донесена на 1 септември, кога властите во Салвадор почнаа да ги објавуваат  деталите за сметките што ги има направено Фунес, користејќи ги државните фондови, додека бил на функцијата.

Покрај него, азил во Никарагва имаат добиено  и неговата партнерка и нивните три деца.

Фунес кој е поранешен новинар тврди дека е невин и дека сите обвинувања се „политички мотивирани„ . 

Но во Никарагва побегна откако на салвадорските власти одби да го објасни потеклото на околу 700 илјади долари, кои се на неговата банкарска сметка.

Во Манагва сега  тврди дека побегнал затоа што стравува од ликвидација од салвадорската екстремна десница, инсистирајќи дека во неговата земја „не постојат услови за да ја докаже својата невиност„.

Маурисио Фунес беше претседател на Салвадор од 2009 до 2014 година. Тој е член на салвадорскиот,  левичарски национален Фронт за ослободување- Фарабундо Марти (ФМЛН).

Додека тој беше претседател, покрена истрага против неговиот претходник, Франциско Флорес, обвинувајќи го за корупција, но закажаниот процес не се одржа,  затоа што Флорес почина во јануари оваа година, пред да може да се појави на судење.