Поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ ќе се кандидира за претседател на Србија
Поранешниот шеф на српската дипломатија и директор на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој Вук Јеремиќ изјави дека одлучил да се кандидира за претседател на Србија, бидејќи ја сака Србија и не може да се согласи таа да пропаѓа.
- Донесов одлука да ја поднесам својата кандидатура, бидејќи ја сакам Србија и не можам да се согласам со нејзината пропаст. Уверен сум дека заедно ќе можеме да го промениме овој деградирана систем и да создадеме достојна, суверена и развиена Србија, чии граѓани ќе бидат слободни, сигурни и самостојни. Земја во која не се шепоти, туку се зборува слободно и гласно, рече Јеремиќ, цитиран од радио Б92.
Во говорот на форум под наслов „Србија во 2017" во Белград Јеремиќ рече дека ако биде избран, ќе биде претседател на сите граѓани, ќе се бори за една економски поразвиена Србија, за зголемување на извозот и личната потрошувачка.
Следните претседателски избори во Србија се очекуваат во текот на пролетта на оваа година. Меѓу потенцијалните кандидати за оваа функција се актуелниот претседател Томислав Николиќ, кој има право на втор претседателски мандат, и лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ. Медиумите не исклучуваат во претседателската трка да се вклучи и актуелниот премиер Александар Вучиќ, пренесува ТАСС.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та