Поранешниот лидер на Гамбија замина во егзил со 11,4 милиони долари и луксузни возила
Поранешниот претседател на Гамбија, Јахја Џамех во последните седмици на власт украл 11,4 милиони долари од државната каса, како и луксузни автомобили, и ги изнел од земјата со товарен авион, изјави Ахмед Фати, советник на новиот шеф на државата.
- Гамбија е во финансиска криза, а касата е буквално празна. Тоа е факт. Тоа е потврдено и од експерти во Министерството за финансии и Централната банка на Гамбија, рече владиниот претставник.
Поранешниот лидер на оваа западноафриканска држава, Јахја Џамех по симнувањето од власт одлучил да замине во егзил и избегал од главниот град Банџул. Тој ја презеде власта со преврат во 1994 година, а се повлече под притисок на голем број африкански лидери кои по претседателските избори во Гамбија во декември извршија притисок и го принудија да го признае поразот.
Новиот претседател на Гамбија, Адам Бероу, кој победи на изборите, се уште се наоѓа во Сенегал поради безбедносни причини, но изјави дека наскоро ќе се врати во татковината.
Ново на Сител
-
Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 милиони евра од комбе со пари во близина на Атина
-
Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните
-
Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари
-
Кинеските брендови доминираат со 70 отсто на рускиот пазар за нови автомобили
-
Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ
-
Вонредна седница на Советот на Град Скопје денеска во 13 часот