Свет
5. September 2017 - 8:39

Поранешниот израелски министер Сандберг приведен поради корупција

Израелската полиција денеска соопшти дека привела поранешен министер и висок советник под сомнение дека се вмешани во корупциска афера поврзана со купување на четири германски подморници.

На Елиезер Сандберг, кој беше министер за наука во 2003 година и министер за инфраструктура во 2004 година, вчера бил испрашан и одреден му е притвор до среда.

Рами Тајеб, советник на актуелниот министер за енергетика Јувал Стејниц, исто така е испрашан и одреден му е притвор.

Поради повеќемесечниот скандал со германските подморници уапсен е и поранешен висок претставник на израелскиот Совет за национална безбедност. Но, се уште не се објавува неговото име.