Поранешниот гувернер на Тексас републиканецот Рик Пери соопшти дека ја напушта претседателската трка во САД
Републиканецот Рик Пери, кој се соочува со тешкотии при прибирањето средства и е меѓу најслабо поддржаните кандидати за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД во 2016 година, објави дека се повлекува од трката.
Поранешниот гувернер на Тексас беше исклучен од првите два телевизиски дуели меѓу кандидати на републиканците и беше принуден да престане да им плаќа на многу вработени од предизборниот тим поради недостиг на средства.
- Денеска прекинувам со кампањата за претседател на САД, објави Пери во говорот во Сент Луис, Мисури.
- Имаме прекрасни кандидати, веројатно најдобрата група мажи и жени. Се повлекувам, знаејќи дека нашата партија е во добри раце, а додека ја слушаме базата, каузата на конзерватизам исто така ќе биде во добри раце, изјави Пери.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец