Македонија
24. May 2020 - 16:30

Поранешниот дом за малолетници ,,Ранка Милановиќ‘‘ руиниран и оставен на забот на времето и на крадците

Обрасната трева, без врати и прозорци. Сивиот дом Ранка Милановиќ, во кој беа сместени малолетните деликвенти, по нивното деинституционализирање е оставен на забот на времето, на крадците и на уништување. Жолтите објекти на два ката, заборавени во времето, сега се дом на други луѓе, бездомници, кои од социјалните служби се дислоцирани од под Кале во овие згради веќе неколку месеци.

Местото го обезбедува само еден чувар. А од центарот за социјална работа, велат дека лицата сместени таму редовно добиваат помош.

Жителите од околината и стопанските субјекти, кои не сакаат да зборуваат пред нашата камера, се пожалија откакоа објектот е напуштен од властите постојано имаат проблеми од лицата кои престојуваат во него, но прават проблеми и штета и во околните објекти.

Засега никој од министерството појасни зошто објектот се руинира и каква ќе е неговата судбина.