Поранешниот албанскиот прв полицаец,Тахири се спаси од затвор
Основниот суд за тешки кривични дела, по долгочасовно заседавање синоќа околу 22 часот ја соопшти одлуката со која Тахири го осуди на 5 години затвор, која ќе биде преименувана во 3 години условна казна. Исто така толкав период не може да обавува јавна функција.
Тахири е прогласен виновен единствено за злоупотреба на службената положба, додека отфрлени беа обвинувањата за вмешаност во трговија со дрога.
На 10 овој месец на последното судско рочиште Обвинителството побара 12 години затвор за Тахири, но поради согласност за скратена судска постапка,конечното барање беше 8 години затвор. Обвинението го товареше за четири случаи на шверц на наркотични средства од Албанија за Италија во периодот од 2013 до 2015 година,што тој категорично ги отфрли.
Постапката против него почна во октомври 2017 година кога беше разрешен а потоа сам се откажа и од пратеничкиот имунитет за,како што изјави, да може да се брани како обичен граѓанин”.
По соопштувањето на одлуката тој даде куса изјава и најави средба со новинарите во текот на денешниот ден.
- Судот кажа дека не сум криминалец, дека не сум шверцер,дека не сум дел од криминална група, но бидејќи некои мои братучеди го користеле моето име, јас сум прогласен за виновен за злоупотреба на службената положба. Не можам ниту да се смеам, ниту да плачам,рече Тахири,додавајќи дека одлуката ќе ја обжали.
Во исто време на поранешниот директор на Полицискиот комесаријат во Валона, Јаелд Чела, кој повеќе од една година се бара со потерница, судот во отсуство, му изрече казна затвор во траење од 3,4 години.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост