Поранешни каталонски претставници поднесоа тужби до ОН
Тројца сменети членови на каталонската Влада, кои се во притвор во Шпанија, поднесоа тужба до работната група на Обединети нации за произволно притворање, соопштија нивните адвокати.
- Нивниот притвро во Шпанија претставува кршење на човековите права и има за цел да ги спречи да бидат претставници на каталонскиот народ, изјавија адвокатите кои ги застапуваат Жорди Санчес и Жорди Куишарта, како и поранашниот потпретседател на каталонската Влада, Ориол Жункерас.
Адвокатите посочија дека ОН не треба да се изјаснат за независноста на шпанската покраина Каталонија туку да потврдат дека „ниту една влада не смее да ги угнетува своите политички противници користејќи произволен притвор“.
Поранешните каталонски претставници се приведени во октомври минатата година откако Каталонија прогласи независност. Централната власт во Мадрид веднаш реагираше, воведе директна управа и ја смени регионалната влада. Во меѓувреме приведени се членовите на поранешната влада и беа организирани избори на кои сепаратистичките партии освоија мало мнозинство.
Работната група на ОН за произволно притворање е дел од Советот на ОН за човекови права и е сочинета од експерти од цел свет. Има за цел да ги истражи случаите на притвор, но резултатите од истрагата не се обврзувачки.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени