Поранешни хрватски заробеници бараат отштета од Србија
Хрвати, кои за време на последната војна биле заробени од страна на српските сили, бараат отштета, или како што велат тие, сатисфакција за деновите минати во заробеништво. Според веќе поднесените тужби, отштетните барања поединечно се движат од 1.000 до 80.000 евра, пишува загрепски „Вечерњи лист“.
Врз основа на овие тужби, поранешните хрватски затвореници бараат надомест од Србија за сé што преживеале, односно за секој ден во заробеништво и за каква било повреда која ја претрпеле во тој период.
Еден од тужителите е и Драгутин Гузовски, кој вели дека преку својот адвокат во Нови Сад, во јули минатата година ја покренал првата тужба против државата Србија, со која бара исплата за преживеаното во „логорите во Србија“. После неговата тужба, на ист чекор се одлучиле уште десетици поранешни логораши, истакнува „Вечерњи лист“. Гузовски оценува дека со самото прифаќање на тужбите, Србија „признала постоење на логори на своја територија“.
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција