Балкан
1. December 2017 - 18:43

Поранешни бошњачки логораши најавија тужба против Хрватска

Поранешни бошњачки логораши од Мостар денеска најавија дека ќе поднесат тужба за надомест на штета против Хрватска, поради времето минато во логорите на Хрватскиот совет на одбраната (ХВО).

Тие, исто така, изразија незадоволство бидејќи со хашката пресуда уривањето на Стариот мост во Мостар е оценето како напад на легитимна воена цел.

Хрватскиот адвокат Анто Нобло во вторникот предупреди дека ако бошњачките логораши и семејствата на жртвите, на кои се однесува хашката пресуда за шестмината воени и полиитчки лидери на босанските Хрвати, ја тужат Хрватска за надомест на материјална штета, таа сигурно ќе им биде исплатена.

Поранешните логораши велат дека ќе бидат истрајни во тужбата против Хрватска.