Поранешна воена пилотка успешно приземји патнички авион со експлодиран мотор | Сител Телевизија
Loading Video...
Свет
18. April 2018 - 17:38

Поранешна воена пилотка успешно приземји патнички авион со експлодиран мотор

Американски патнички авион принудно слетал на меѓународниот аеродром во Филаделфија откако му експлодирал левиот  мотор.  Распрканите делови скршиле неколку прозорци и усмртиле една патничка. Во  авионот  имало 149 патници и членови на екипажот а летал на релација Њујорк –Далас.Со  авионот управувала поранешната  воена  пилотка   во воздухопловните сили на Американската морнарица, Теми Џо Шулц. Патниците ја пофалија  пилотката на социјалните мрежи  за нејзината навремена и смирена рекација.