-->
-->
Поранешна репрезентативка загина во тешка сообраќајна несреќа - телото од автомобилот го ваделе граѓани кои случајно се нашле на местото на несреќата
-->
Несреќата се случила меѓу средата и четвртокот кај местот Калсије на североисток од Босна.
Три жени загинале во тешката собраќајна несреќа, пренесуваат босанските медиуми.
Во директен судар меѓу две патнички возила смртно настрадале Ајша Хамиџ (56), Аиса Хамиџ и Ерна Синаовиќ (36), одбојкарката на босанскиот клуб и поранешна репрезентативка на Босна и Херцеговина.
Како што пишуваат босанските медиуми, од смачканиот автомобил телата ги ваделе граѓаните кои се нашле на местото на несреќата, а интервенирале и пожарникари.
Според достапните информации несреќата се случила кога на регионалниот пат директно се судриле два автомобили.
Причината за несреќата била неприлагодената брзина и непрописното претекнување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата