Свет
10. September 2016 - 21:11

Поранешен руски борец против корупција уапсен под обвинение за поткуп и злоупотреби

Судот во Москва донесе одлука за двомесечен притвор на Дмитриј Захарченко, висок службеник од Главната дирекција за економска безбедност и борба против корупција во руското Министерство за внатрешни работи, обвинет за добивање на поткуп и злоупотреби, јави ТАСС.

Судот не дозволи ослободување со кауција од 70 милиони рубљи, околу 970 илјади евра. 

Според истрагата Захарченко предупредил службеничка, осомничена за случај за проневера во банката „Нота банк“, за претстоен претрес и прифатил привремено да чува дел од украдените пари.