Балкан
23. јуни 2016 - 15:55

Поранешен романски спортски работник осуден на седум години затвор поради перење пари

Судот во Букурешт го осуди денеска Думитру Драгомир, поранешен претседател на Професионалната фудбалска лига во Романија, на седум години затвор поради измами, присвојување средства и перење на пари.

Пресудата не е конечна и може да се поднесе жалба против неа.

Драгомир беше обвинет заедно со други 40 лица во 2014 година, поради нерегуларности при продажбата на правата за телевизиски пренос на фудбалските натпревари.

Според обвинителството, криминалната мрежа функционирала пет години, во периодот меѓу 2009 и 2014 година, при што се користени 17 офшор компании. Штетите се проценуваат на околу 5,4 милиони евра.