-->
-->
Поранешен романски министер обвинет за убиство без предумисла
-->
Обвинители од романската Национална дирекција за борба против корупција (НДБК) денеска го изведоа пред суд поранешниот вицепремиер и поранешен министер за внатрешни работи, Габриел Опреа, под обвинение за убиство без предумисла.
Обвинението е во врска со сообраќајна несреќа од 2015 година во која почина еден полицаец кој бил дел од моторизираната придружба на министерот. Полицаецот Богдан Џиџина (28) загина во октомври 2015 година откако со моторот падна во дупка на главен булевар додека ја предводеше колоната на Габриел Опреа кој тогаш се движел кон својот дом.
Обвинение за убиство без предумисла е покренато и против компанијата „Џенерал ЕмПиЕм Импекс“ ООД и нејзиниот управител Петре Мазлиу, затоа што компанијата на булеварот не поставила стандардни светлечки знаци за предупредување, додека работела на поставување гасовод.
Обвинителството исто така истакна дека Габриел Опреа немал право на моторизирана придружба.
Опреа изјави дека е невин и додаде дека ќе го докаже тоа на суд
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Законот за јазици ќе чека до март
-
Ахмети: Отпор ќе има
-
СДСМ: Се враќа Сваровски судството
-
Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа
-
Од утре повремени врнежи од дожд, утринските температури значително пониски
-
Одземени записници од Судскиот совет
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија