Македонија
15. May 2019 - 8:56

Поранешен полицаец и целото негово семејство загинале во сообраќајната несреќа кај Драчево

Цело семејство настрадало во тешката сообраќајна несреќа која во доцните часови се случи кај бензиската пумпа „Лукоил“ на влезот во Драчево, пренесува „Магазин“. Според неофицијалните информации на порталот, во сообраќајката настрадал поранешен полицаец од ПС Драчево.

Инаку, до несреќата дошло кога автомобил „Рено 5 кампус“ се судрил со камион за собирање на ѓубре. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.

Полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата.

Повеќе детали од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден.