Поранешен министер осуден на четири години затвор
Поранешниот грчки министер за финансии Јанос Папантониу осуден е на четири години затвор поради некоректно пополнет анкетен лист за имотната состојба односно не наведена банкарска сметка во Швајцарија.
Апелацискиот суд ја потврди пресудата и ги осуди Папантониу и неговата сопруга Ставрула Кураку на четири години поради некоректно пополнет анкетен лист за приходите во 2009 година.
Казната на Папантониу и на Кураку е преиначена и тие треба да платат парична казна.
Папантониу (66) беше министер за финансии во периодот од 1994 до 2001 година. Тој тврди дека се работи за ненамерна грешка, која подоцна била исправена.
Папантониу е втор министер на социјалистите, кој е осуден во последните години. Во 2013 година министерот за одбрана Акис Цохадзопулос беше осуден на 20 години затвор поради корупциски скандали.
Ново на Сител
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје