Свет
23. November 2019 - 9:12

Поранешен агент на ЦИА осуден на 19 години затвор поради шпионажа

Поранешниот агент на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Џери Чан Шин Ли е осуден на 19 години затвор поради шпионажа во полза на Кина, објави во петокот судот во Вашингтон, а станува збор за третиот американски разузнавач кој за помалки од една година е осуден за заговор со Пекинг нудејќи информации од американската национална безнедност.

Ли претходно во мај се изјаснил за виновен за заговор со цел шпионажа. Тој, исто така, дека добил, досега без преседан, 850.000 американски долари од припадници на кинеското разунавање во замена за информации за работата на CIA.

Обвинителите во овој случај бараа 20 години затвор, додека одбраната со оглед на признанието на пораншениот шпион бараше 10-годишна затворска казна. Со денеска објавена висина на казната, судот практични го исполни барањето на обвинителите.

Во текот на процесот обвинителите наведоа дека Ли на кинеските власти им ги открил имињата на осум извори на CIA, кој самиот тој ги врбувал во текот на неговата дејноста во агенцијата. Ли, исто така, во текот на процесот изјави дека се кае за сопствените постапки.

Американските медиуми пренесуваат дека 55-годишниот Шинг Ли 13 години бил активен агент на CIA на неколку локации во странство, вклучително и во Кина, каде што според обвинителите имал пристап до некои од најчувствителните доверливи материјали на агенцијата, влучително и имињата на тајните шпиони на CIA и нивните извори во Кина.

Меѓутоа, многу аспекти од сличајот остануваат мистерија, се забележува во извештајот на NBC News. Ли, имено, никогаш не е обвинет дека всушност им давал тајни на Кинезите. Додека претставниците на министерството за правда, односно обвинителството, пред федералниот судија рекле дека „според сѐ судејќи тој го сторил тоа, но не е сигурно“, неговиот адвокат рекол дека „владата понудила само претпоставка како основа за ваквите тврдења“.

Во прилогот на телевизијата се истакнува дека иако степенот на неговата соработка со Кина очигледно е непознат, случајот на Ли илустрира „колку агресивно“ Пекинг работи да дојде до чувствителните материјали за САД. Ли, поточно, е третиот американски разузнавач кој за помалки од една година е осуден за заговор со Кина нудејќи информации од американсата национална одбрана.

Признал дека во 2010 година се сретнал во градот Шенжен со двајца кинески разузнавачи кои му понудиле пари и „да се грижат за неговиот живот“, доколку им ги обезбеди доверливите информации до кои дошол како агент на CIA. Во текот на следните месеци, рекол Лу, Кинезите му дали најмалку 21 засебно барање за тајните на американското разузнавање.

Еден месец по таа средба, Ли депонирла 17.000 долари во готовина на својата банкарска сметка, иако во тој период имал неуспешен консултантски бизнис. Федералните обвинители тврделе дека Кинезите му испалтиле вкупно 840.000 долари, но неговиот адвокат Едвард Мекмахон рекол дека владата никогаш не ги поврзала овие депозити со кинеските разузнавачи.