Свет
18. November 2015 - 21:47

Порака од муслиман до ИСИЛ која го „запали“ интернетот: Ако не ви се допаѓа овде, зошто сте тука?

Тензиите се уште се многу интензивни, но не само во Париз. На интернет се појави видео на кое еден човек јавно го прозива теророт кој го шири ИСИЛ. Тој е муслиман, а неговата порака во видеото ги повикува припадниците на ИСИЛ да го спроведат шеријатскиот закон во западниот свет.
 
„Исламот не учи да бидеме толерантни и да ги почитуваме сите религии. Од каде имате право да убивате? Вие го немате тоа еб**о право! Ако не ви се допаѓа оваа земја зошто сте дошле?“, прашува засега непознатиот човек.
 
Овој страстен говор предизвика бура од позитивни коментари, од сите оние луѓе кои се борат против екстремистите и нивниот терор.