Бизнис
18. January 2017 - 19:41

Порака од Давос: Богатите да не избегнуваат даноци, работниците да земаат поголеми плати

Ургентна акција за да се спаси средна класа. Приоритет да биде спречување на растечката нееднаквоста  меѓу луѓето која се создаде пред 40 години, но беше игнорирана. Се надевам дека сега лидерите  ќе слушaат. Ова е пораката на шефицата на ММФ, Кристин Лагард   која ја испрати на Светскиот Економски Форум во Давос. Повика на подобра распределба на богатсвото  за да се одговори  на растечкиот популизам.

 - Разликата меќу богатите и сиромашните беше евидентирана уште во Охфам извештајот, која покажа дека 8 милионери поседуваат  истата сума на богатство колку  половина од сиромашната популација во светот или  3,6 милијарди лица, изјави Лагард.

Песимистички прогнози стигнаа и од основачот на хеџ Фондот Брич вотерс асосиејтс, Реј Далио кој изрази реален страв од популизмот – Вели дека светот е дојден до фаза каде завршува глобализацијата, а замав земаат провинцијализацијата и национализмот.

Нереално е богаташите  и големите компании да избегнуваат да плаќаат данок, селејќи го своето богатсво во даночните раеви. Работниците мора да бидат подобро платени. Мора да се криираат нови работни места , а цената на трудот да расте. Животниот стандар мора да се подигне. Тоа треба да биде приоритет на светските влади. Само економски раст не е доволен – заклучија учесниците.

На форумот во Давос учествуваат 3. 000 претседатели на  држави, премиери, менаџери на големи корпорации. . За само 4 дена, колку што трае Форумот проценките се дека ќе се потрошат околу  45 милиони долари.