Балкан
25. March 2016 - 12:25

Порака од Ципрас за Денот на независноста на Грција

Грчката револуција од 1821 година е резултат на европската и грчката преродба и носител на современите вредности на слобода со социјална правда, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата порака за денешниот Ден на грчката независност.

- Во денешната борба во одбрана на универзалните вредности на човештвото, волонтерство и солидарност, особено во услови на досега невидена економска криза, луѓето покажуваат цврстина, достоинство, гордост и верба во својата сила, истакна Ципрас.

- Следната страница од нашата историја и припаѓа на нова Грција, ослободена од траумите од економската криза и старателството на кредиторите, модел за демократија, социјална солидарност и култура за цела Европа, додаде тој.